Бочварски по негативните реакции за Керим: Секој кој се огрешил пред закон треба да одговара

by Fokus

Градоначалникот на Штип, Благој Бочварски се огласи по сите негативни реакции кои беа упатени на негова адреса, откако Срѓан Керим се појави во Штип на предавањето „Она што не го знаеме за Киро Глигоров“.

– Во текот на неделата Општина Штип го одбележа денот на Ослободувањето на градот 8ми Ноември. НУ Библиотека Гоце Делчев организираше дебата за ликот и делото на Киро Глигоров. Бев поканет на дебата, на која збор имаше Срѓан Керим како соработник и познаник на Глигоров повеќе од 40 години. Како Градоначалник на Штип имам обврска да бидам дел од настан организиран од институциите во мојот град, пред се на настан на кој се зборува за првиот Претседател на Република Македонија, а по потекло штипјанец, Киро Глигоров. Мојот став е јасен, дека секој кој се огрешил пред закон, треба да одговара, а институциите на системот очекувам да постапуваат согласно Уставот и законите во РМ – истакна Бочварски.

Поврзани новости