Општините да отворат уште регионални центри за вакцинација за да бидат поблиску до граѓаните, бара Заев

by fokus

Премиерот Зоран Заев бара општинските власти да отворат други регионални центри за да може да се доближи местото на вакцинирање до граѓаните уште повеќе, по реакциите на граѓаните дека сега за вакцина ќе мора да патуваат до друго место да губат време и да прават дополнителни трошоци.

-Општините кои имаат капацитет да обезбедат инфраструктура, сали и слично веќе ги отворија регионалните центри за вакцинација против Ковид-19, рече Заев и апелираше до другите градоначалници, советници и општински власти да направат дополнителни напори за отворање и на други регионални центри за да може да се доближи местото на вакцинирање до граѓаните уште повеќе. Рече дека сите здравствени домови се место на вакцинирање.

– Покрај Главниот координативен штаб имам формирано три поткоординативни штабови, едниот е напори за обезбедување дополнителни донации на вакцини, вториот поткоординативен штаб е за вакцинацијата комплетно, тргнување на слабости што ги гледаме овие денови секаде и третиот е маркетиншкиот аспект за да го доближиме тоа што се работи до населението како Влада преку соопштенија, преку нашите изјави, рече Заев одговарајќи на новинарски прашања по примањето вакцина против Ковид-19 на вакциналниот пункт во А1 арената „Борис Трајковски“ во Скопје.

Поврзани новости