Општина Центар: Владината градежна мафија присвои уште еден плац

by Фокус

-На 21 јули плац од 15.136 квадратни метри на атрактивно државно земјиште на улица „Јордан Мијлаков“ е узурпиран и прогласен за место за „градба од посебен интерес“. Владата донела одлука за узурпирање на земјиштето и изградба на стамбени објекти. Како и во претходните случаи, потписник на одлуката е лично вицепремиерот Зоран Ставревски. На идентичен начин како во случајот со земјиштето во Градски Парк и кај ПУИГ, Владата наместо објекти од посебен интерес на граѓаните, планира градби од посебен интерес за бизнисите на градежната мафија, реагира денеска општина Центар.

На овој плац сега е предвидено да се градат станбени и деловни објекти како и хотелски комплекси. Општина Центар го повика премиерот Никола Груевски веднаш да одговори и „да не се крие позади штурите соопштенија на Министерството за транспорт и врски, од каков посебен интетрес се овие згради кои планира да ги гради на оваа локација и од чиј посебен интерес се згради од кој некој дебело ќе профитира“.

-Го повикуваме Министерството за транспорт и врски веднаш да ја поништи оваа одлука, а власта да ги тргне рацете од земјиштето на општина Центар, велат од општината.

Поврзани новости