Лекарот Мустафа пуштен на слобода

by Фокус

По една мината ноќ во тетовскиот затвор, уапсениот лекар Адил Мустафа, денеска е пуштен на слобода. Тој откако вчера јавно обвини за организиран криминал во кој наводно биле вмешани владеачки структури на ВМРО-ДПМНЕ и ДУИ, по само неколку часа беше уапсен на граничниот премин Ќафасан, а бил приведен по барање на Основниот суд Тетово.

Надлежните информираа дека лекарот е уапсен по барање на Основниот суд во Тетово, поради издржување на затворска казна од 170 дена за измама при добивање кредит. Сепак подоцна казната му била преиначена во парична казна, па откако ја платил, е пуштен на слобода.

Тој претходно на прес-конференција обвини дека Болницата „Шендети“, која ја изградил со свои пари не профункционирала поради организиран криминал на приватна банка и владеачки структури на ВМРО ДПМНЕ и ДУИ.

Целта според обвинувањата на докторот, била да се спречи конкуренција на нови поликлиники, кои би го намалиле профитот на постојните, каде властите имале големи удели.

 

Поврзани новости