ВМРО-ДПМНЕ: Жерновски ја труе јавноста со лаги

by Фокус

Андреј Жерновски со денови по ред ја труе јавноста со своите лаги и манипулации и постојано бара алиби за својата неспособност и некадарност да ја води општина Центар, одговараат од ВМРО-ДПМНЕ на обвинувањата од општина Центар.

Од ДПМНЕ велат дека ваквата политика на Жерновски не била ништо, освеен сеење магла низ која, како што стои во соопштението, се надева дека граѓаните на општина Центар нема да ги видат сите негови нереализирани проекти и неуспеси.

-Наместо во медиумите да го гледаме со нови конкретни проекти кои ќе го унапредат животот на граѓаните, тој веќе втора година по ред излегува со демагогија, празни обвинувања и барање виновници. Доколку сака да се пресметува со градежната мафија, го повикуваме да се пресмета со хаус-мајсторите кои стануваат градежни инспектори и со фирмите кои дебело го наплатуваат тенкиот слој калдрма поставен на фамозната Боемска улица, велат од владејачката партија.

Поврзани новости