ОО СДСМ Неготино се простува со Тања: Вечно ќе живее во нашите срца и спомени!

by fokus

ОО СДСМ Неготино се простува со активистката и секретар на ОО СДСМ Неготино, Татјана Петрова Павлова (47), која вчера го изгуби животот во сообраќајна несреќа во тунелот на автопатот Гевгелија – Демир Капија.

-Со голема тага се простуваме од нашата другарка Татјана Петрова Павлова!
Изгубивме голем, искрен пријател и борец, секретар на ОО СДСМ Неготино.
Останува вечно да живее во нашите срца и спомени.

Погребот ќе се одржи утре (Недела) во 12 часот на градските гробишта во Неготино. За сите кои сакаат да се простат, посмртните останки ќе бидат изложени од 11 до 12 часот во капелата на градските гробишта.

Искрено сочуство до семејството.
Вечна Ти слава, Тања! Почивај во мир!- објавено е на страницата на партијата.

Според информации од СВР Велес, вчера во 8.40 часот во ОВР Неготино било пријавено дека на автопатот А1, во тунелот Т1, на делницата Гевгелија – Неготино, патничко возило фолксваген управувано од Т.П.П. (47), изгубило контрола и се превртело.

Татјана се здобила со тешки телесни повреди и била пренесена во Општа болница Кавадарци, но во 10 часот починала.

Неготино тагува по несреќата во која згасна животот на младата жена, мајка, ќерка и сопруга, и граѓаните ја спомнуваат како исклучителна личност.

Вики Клинчарова

Поврзани новости