Оливер Андонов учествувал во сообраќајка кај последна петка

by Fokus

Поранешниот министер за внатрешни работи Оливер Андонов е еден од учесниците на сообраќајната несреќа кај последна петка во Ново Лисиче, каде беше повредено едно женско лице.

“На 17.01.2019 околу 15.45 часот на бул. АСНОМ во Скопје се случила сообраќајна незгода во која учествувале патничко моторно возило Опел Астра со скопски регистерски таблици, управувано од О.А. и патничко моторно возило Сеат со скопски регистерски таблици, управувано од А.М.. До сега е пријавено едно повредено лице М.С., која е пренесена во ГОБ Св. Наум Охридски. Во тек е увид” – информираат од МВР.

Повреденото лице со возило на Брза Помош е пренесено во болницата “Наум Охридски”.

Андонов попладнево беше виден на местото на несреќата.

Поврзани новости