Грција ќе го печати Договорот од Преспа и ќе им го дели на Грците

by fokus

Грчката Влада ќе испечати десетици илјади копии од договорот за нормализација на односите со Македонија со цел граѓаните да се информираат пред парламентарната дебата за ратификација.

Канцеларијата на грчкиот премиер Алексис Ципрас денеска соопшти дека тој документ ќе биде објавен во неделното издание на весниците во Грција.

Грчката Влада истакна дека „има намера да го информира и последниот грчки граѓанин“ за аспектите на договорот со Македонија.

Грчкиот Парламент синоќа изгласа доверба на Владата на Ципрас, што ќе овозможи ратификација на договорот.

Поврзани новости