Околу 2.500 лица поднеле барање за државјанство, а 800 немаат никакви документи

by Фокус

Oколу 800 лица се без документи, а 2.500 лица поднеле барања за државјанство, рече министерот за правда Бојан Маричиќ на Сител, говорејќи за предлог законот за државјанство поради кој албанската опозиција ги блокира сите други закони со илјадници амандмани.

-Ние знаеме дека има околу 800 лица без документи и за нив е веќе направен закон според кој може да се регистрираат во системот, најпрво да добијат извод од матична книга, потоа и сите други документи, па да видиме дали остваруваат право на државјанство. Добивме и информација од МВР дека околу 2.500 барања има за државјанство. Тоа се бројките што ги слушнавме на маса, а се базирани според податоци од институциите се друго е на некоја политичка реторика. За оваа бројка на луѓе не би требало да има проблем, ниту за која било друга бројка ако ги направиме вистинските чекои и направиме закон за да се решат проблеми – рече Маричиќ.

Според него, добивањето на државјанство со сведоци не влева многу доверба и го нема никаде во Европа и во светот.

Поврзани новости