Маричиќ: Сите се согласни пописот да се одложи освен Алијанса и Алтернатива

by Фокус

Скоро сите пратенички групи се согласни дека час поскоро треба да се усвои законот за попис, но, за жал, не успеавме вечерва да се договориме поради една од опозициските пратенички групи, рече министерот за правда Бојан Маричиќ. Тој на Сител изјави дека пописот според постојниот Закон треба да почне утре.

-Жалиме што не успеавме вечерва да се донесе законот, но јас верувам дека ова одлагање од неколку дена нема да пречи на целиот процес, бидејќи сите партии во Собранието се согласни, со исклучок на Алијанса на Албанците и Алтернатива – истакна Маричиќ.

Според него, без разлика која е определбата на која било пратеничка група, утре се очекува да се отвори седницата на која ќе се најде законот.

Поврзани новости