ОЈО за денешниот прес на Чулев: Доколку МВР има докази треба поднесе кривична пријава до Обвинителството

by fokus

Јавното обвинителството укажува дека е единствен орган во чија надлежност е спроведување на предистражни и истражни постапки, велат од Основното јавно обвинителство за Фокус по денешната прес конференција на министерот за внатрешни работи, Наќе Чулев.

-Министерството за внатрешни работи, покрај другото , има надлежност да ги открива кривичните дела и нивните сторители, воздржувајќи се од повреда на принципот на пресумпција на невиност. Постапките согласно закон се тајни и сите, вклучувајќи ги и медиумите, имаат обврска за почитување на нечелото на пресумпцијата на невиност. Во предмети во кои јавен обвинител ќе го преземе насочувањето на дејствијата во предистражната постапка, полицијата работи согласно неговите укажувања и наредби. Јавното обвинителство бара сите институции да постапуваат во рамките на законски утврдените надлежности. Доколку Министерството за внатрешни работи има докази за извршено кривично дело, негова обрска е да изготви кривична пријава и да ја достави на постапување на надлежното Јавно обвинителство, велат од Обвинителството.

Министерот за внатрешни работи Наќе Чулев, на денешната прес конференција најави дека ќе обелодени состојба со актуелната поставеност на системот за следење на комуникациите, а која според него, е во спротивност со законската регулатива. Тој потенцираше дека  тоа е доказ дека реформите кои се воделе под покровителство на Прибе, суштински не се реализирале.

Ф.Ф.С.

Поврзани новости