„Огнените“ го прекршија статутот на ДУИ, вели Османи

by Фокус

Прекршувањето на статутот на партијата, како во сите политички партии, носи одредени одговорности, вели портпаролот на ДУИ и министер за надворешни работи Бујар Османи во интервју за „360 степени“, во врска со последните превирања со фракционерите.

-Значи, прекршување на статутот во сите политички партии носи одредени одговорности, одредени одлуки. Од одлука за коалицирање со друга политичка партија без дозвола од Централниот совет на партијата, од Претседателството, од претседателот, нели коалицијата со Данела Арсовска е направена без согласност на партијата.

И тоа е големо прекршување коешто не се дозволува во ниту една политичка партија, па дури и организација од кој било тип, меѓутоа заради тоа што Ахмети е човек што обединува и никогаш лесно не донел одлуки за оддалечување на луѓе, не носеше одлука за одговорност кон тие што го прекршиле статутот, луѓе што јавно го негираат или, пак, ги критикуват стратешките програмски определби на партијата: премиер Албанец, зелена агенда, останати прашања што партијата со унанимност ги има донесено како стратешки одлуки, потоа јавно ги критикуват.

Дозволено е внатре во органите да имате кљков било став, меѓутоа кога веќе излегувате јавно, кажувате ставови на партијата. Јас, како портпарол, во Претседателството знам да имам одреден друг став во однос на тоа што се разговара таму. Кога мнозинството утврдува една политика, јас како портпарол ја промовирам таа политика јавно пред граѓаните – вели Османи.

Поврзани новости