Претпладне сончево, попладне врнежливо време

by Фокус

Денеска претпладне времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, попладне ќе биде нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Утринските температури ќе бидат од 8 до 15 Целзиусови степени, а дневните од 18 до 27 Целзиусови степени.

Во Скопје претпладне ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност, а попладне во делови од котлината ќе има услови за пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Во недела претпладне ќе биде сончево со умерена облачност, попладне нестабилно со локален пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

Минималните температури ќе бидат од 8 до 15, a максималните во интервал од 18 до 28 степени.

Поврзани новости