Претседателот на Иран: Доколку Израел повторно нападне, прашање е дали ќе остане нешто од нив

by Fokus

Иранскиот претседател – Ибрахим Раиси го доведе во прашање постоењето на „израелскиот режим“ во случај на нов напад на еврејската држава на територијата на Исламската Република.

„Ако Израел повторно направи грешка и ја нападне иранската територија, ќе се соочи со сосема други последици и не е јасно дали нешто ќе остане од Израел“, рече Раиси, обраќајќи им се на студентите на Универзитетот Лахоре во Пакистан, пренесе ИРНА.

Ноќта на 14 април, Иран го нападна Израел со стотици проектили и беспилотни летала како одговор на неговиот напад врз конзулатот на Исламската Република во Сирија.

Други земји му помогнаа на Израел да го одбие нападот: американските сили уништија повеќе од 80 беспилотни летала и најмалку шест балистички ракети, соопшти американската Централна команда.

Поврзани новости