Одѕивот на изборите во Штип до 17 часот е 29,01 отсто, во Пласница 38,11 проценти

by fokus

Одѕивот на гласачи за предвремените избори за градоначалник  до 17 часот во Општина Штип изнесува 29,01 отсто, односно гласале 11 701 гласач,  додека во Општина Пласница гласале 1 888 гласачи,  што е 38,11 проценти од избирачите со право на глас, соопшти Државната изборна комисија (ДИК).

До овој момент до ДИК, соопштуваат оттаму, не се пристигнати никакви приговори во однос на изборниот процес.

Деталните информации во однос на излезеноста на гласање , како и резултатите во живо после завршувањето на гласањето можат да бидат следени на веб страницатаwww.lokalni2020.sec.mk .

Право на глас за предвремените избори за градноначалник во Штип имаат вкупно 41 177 гласачи, додека во Пласница 4 954.

Поврзани новости