Одрон падна врз автомобил на патот Кочани-Делчево, друг удрил во карпите и летнал во воздух

by Фокус
Одрони синоќа создадоа големи проблеми за учесниците во сообраќајот на патниот правец Кочани – Делчево, во близина на селото Истибања. Како што алармираат возачи што минале низ патот, одроните за малку ќе предизвикале и катастрофа, бидејки од нив настрадало возило во кое се возело бебе.
-На патот околу 22:55 часот беше вистински хаос, карпи и ситни камчиња имаше насекаде по патот. Одрон падна врз бел автомобил и го исфрли настрана. Човек со мотор беше исто така исфрлен. Додека траеше застојот, еден возач со бебе во колата возејки не ги виде карпите, помина преку нив и лебдеше во воздух 20 метри – пренесува МИА.
Учесниците во сообраќајот ги известиле надлежните од ЈП „Македонија пат“, од каде информираат дека веднаш по дојавата нивна екипа се упатила на терен и ги отстранила пречките на патот, така што моментално сообраќајот на спомнатиот патен правец се одвива нормално и без посериозни проблеми за учесниците во сообраќајот.

Поврзани новости