ВИДЕО Преспанскиот договор им донесе на Заев и Ципрас награда за придонес кон светскиот мир и безбедност

by Фокус

Македонскиот и грчкиот премиер, Зоран Заев и Алексис Ципрас, на Минхенската конференција за безбедност ја примија наградата „Евалд фон Клајст“ за нивниот придонес кон мирот и безбедноста во светот и за афирмација на принципите на трансатлантската алијанса, пред се поради Преспанскиот договор.

-Кога сите ми кажуваа дека не е можно, имав надеж за решение и подобра иднина. Дијалог. Кога сите зборуваа за црвени линии, Алексис и јас одлучивме да ги отпуштиме црвените линии што само ќе ни копаат во ровови. Се свртевме кон отворена и искрена комуникација без скриени агенди. Решивме да се грижиме едни кон други, да имаме толеранција и да ги разбереме проблемите и предизвиците на другиот. И на крај, заедништво – рече Заев.

Ципрас, пак, истакна дека тој и Заев ја избраа вистинската страна на историјата, бидејќи, според него, историјата не ја пишуваат тие кои шират страв, туку тие кои се охрабруваат и создаваат решенија за генерациите што доаѓаат.

Поврзани новости