Полицијата синоќа уловила 33 пијани возачи

by Фокус

Во рамки на зајакнатата акциска контрола на Одделението за безбедност на патниот сообраќај при МВР, изминатаtа ноќ биле извршени проверки кај 187 возачи, при што кај 33 е утврдено присуство на алкохол.

„Во однос на управување на моторни возила со брзина поголема од дозволената спроведена е акциска контрола на 16.02.2019 година во периодот од 06.00 до 22.00 часот, при што констатирано е дека 47 возачи ја пречекориле брзината на движење со моторно возило и издадени се мандатни платни налози“, соопштија од МВР.

Во истиот период, на подрачјето на Скопје со специјално возило “пајак” се подигнати 24 возила кои биле непрописно паркирани, во најголем дел на Кеј 13 Ноември.

Поврзани новости