Одговор на Владата до продуцентот на „Медена земја“: Борбата против аерозагадувањето е врвен приоритет

by fokus

Борбата против аерозагадувањето е врвен програмски приоритет, велат од Владата во одговор на повикот на продуцентот на „Медена земја“, кој утринава од сцената на „Санденс“ фестивалот ги повика македонските власти да го решат проблемот со загадувањето.

Од Владата уште еднаш ја честитаа победата на тимот на документарниот филм, кој освои награди во три категории на фестивалот во Јута.

-Владата на РМ веќе ја стави борбата против аерозагадувањето како врвен програмски приоритет, а мерките од Планот за чист воздух се веќе во имплементација како сериозен одговор на овој сложен проблем на животната средина – велат од Владата за „Фокус“.

Инаку, продуцентот и монтажер на филмот, Атанас Георгиев, при примањето на Главната награда од жирито и порача на Владата:

-Нашата мала земја е многу загадена. Сакаме да испратиме порака до македонските граѓани и до Владата: Ве молиме исчистите го воздухот во нашата земја, најзагадената земја во светот, ве молам сторете го тоа – повика тој.

„Медена земја“ ја доби големата награда на жирито за најдобар документарен филм, а на снимателите им беше врачена наградaта за најдобра кинематографија. Документарецот го доби и специјалното признание од жирито за влијание за промена.

Поврзани новости