Коце Трајановски можен кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за претседател?

by fokus

Поранешниот градоначалник на Град Скопје, Коце Трајановски, е новото име кое се споменува во трката за претседателски кандидат на ВМРО-ДПМНЕ. Тој ниту потврдува ниту негира дека ќе се пријави на огласот на партијата.

Партиски извори брифираат за ТВ Сител дека тој е во игра, а на прашање на телевизијата, Трајановски кусо одговорил:

-Да ја оставиме дилемата отворена.

ВМРО-ДПМНЕ официјално во вторник ќе објави кои од осумтемина кандидати ќе ја помине првата фаза. Единствено Влатко Ѓорчев и Филип Петровски открија дека ќе побараат поддршка од партијата. Третото име за кое се шпекулира дека ќе биде дел од претседателската трка е професорката, Гордана Силјановска.

Поврзани новости