Од споменикот на „Мајка Тереза“ ќе остане вертикален ѕид со бел мермер

by fokus

Министерот за култура, Роберт Алаѓозоски, соопшти денеска дека е замрзната изградбата на скулптуралната композиција „Мајка Тереза“ на плоштадот „Македонија“  додека не се одлучи дали ќе биде дообликувана како објект или ќе се работи на нејзино отстранување. Со изведувачот се преговара за следните чекори, додаде тој, и доколку се задржи во сегашната фаза ќе чини двојно помалку од предвиденото.

-Многу малку пари ќе треба доколку решиме да ја конзервираме во овој момент како еден огромен вертикален ѕид со бел мермер и конструкција на фонтана. Тоа е платено и доколку решиме да го конзервираме во тој степен, без допонителните кич-елементи што беа најавени, нема да создава дополнителни средства. Пристапивме во преговори со изведувачот и сите работи кои беа во проектот, како бронзени скулптури на ангели и позлати, сето тоа го запревме. Во овој момент композицијата чини околу два милиона евра, што е многу помалку од првично замислените преку 4 милиони евра. Тука заштедивме многу пари на граѓаните – рече Алаѓоозвски.

Поврзани новости