988
Хеликоптерот не беше осветлен и леташе премногу ниско. Ја изгуби контролата и се сруши, тврди Лазо Котуровиќ, очевидец на настанот.
„Од она што слушнавме од екипите што излегоа на терен, не била забележана антената од педесетина метри, се има замотано во жиците и ја има изгубено контролата. Јас видов четворица мртви. Пилотот беше во хеликоптерот, а останатите тела беа на десетина метри далечина“, вели Котуровиќ.
Градоначалникот на Струмица Зоран Заев ја потврди хеликоптерската несреќа. Официјална потврда од полицијата и соопштување на идентитетот на жртвите се уште нема.