Заев: Има четворица загинати во полицискиот хеликоптер

by Fokus 23:25
23:25

Градоначалникот на Струмица, Зоран Заев во изјава за „Фокус“ потврди дека вечерва се срушил хеликоптер во струмичко Добрејци и дека има четворица загинати. Според него, првичните информации покажале дека се работи за полициски хеликоптер.

– За жал, точна е информацијата дека се сруши хеликоптер. Јас сум веќе тука на местото на настанот. Просторот е обезбеден. Преполно е со полиција и противпожарни служби. Според првичните информации, хеликоптерот е на МВР. Жално е што има четворица загинати службеници. Најверојатно имал технички проблем. Според тоа што го кажуваат луѓето тука, хеликоптерот хаотично се движел, немал осветлување, удрил во антена, при што се слушнала силна експлозија. Која е точната причина се уште не знаеме – потврди Заев.

- Advertising -

 

Поврзани новости