Обвинителството ја истражува причината за пожарот во кој загинаа мајка и четири деца

by fokus

Од Обвинителството информираат дека се истражуваат причините за пожарот кој ноќеска избил во семејна куќа во Тетово, а во кој настрадаа мајка и четири деца на возраст од 4 до 13 додини.

-Во двокатна куќа на ул.„Гоце Делчев“ во Тетово ноќеска избувнал пожар при што според првичните информации настрадале жена и четири деца. Надлежниот обвинител од Основното јавно обвинителство – Тетово во моментов е на местото на настанот и во соработка со увидната екипа од Полициската станица – Тетово и Противпожарната служба врши увид. Обвинителот повика тим за форензика од Скопје и екипа на ЕВН кои треба да помогнат во утврдување на околностите и причините за пожарот. Издадена е наредба за обдукција на пронајдените тела и се преземаат други дејствија неопходни за расветлување на случајот, информираат од Обвинителството.

Поврзани новости