Обвинетата Мери Пешевска во целост ја признава вината, со што прстот на вина го посочи во екс директорот Нино Васев.
Таа истакна дека е виновна и се извинува на оштетените пациенти, со тоа што посочи дека Васев бил нивни ординирачки доктор, а факсимилот бил ставен на шалтер и го користеле сите.
Таа се товари дека соработувала со Нино Васев и небрежно постапувајќи дозволила финализирање на терапија кај седум пациенти.
Пешевска уште додаде дека нејзиниот печат го користеле специјализанти, но сепак повторно истакна дека тој факсимил е нејзин.
Нејзиниот адвокат побара да се раздвои постапката.
Обвинението ги товари лекарите за продолжени „тешки дела против здравјето на луѓето“ и „несовесно лекување“, при што кај 29 пациенти биле применети неподобни терапии, со отстапувања во дозирањето и без соодветна проценка на здравствената состојба.
Ирена Мулачка