Облачно и посвежо време, со врнежи од дожд

by Fokus

Времето денеска ќе биде облачно и посвежо, со врнежи од дожд. На некои места од земјата врнежите од дожд се очекува да бидат обилни. На планините врнежите ќе бидат од снег, а во западните делови од земјата, на некои од повисоките места, врнежите од дожд ќе преминуваат во снег. Во текот на денот ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Врнежите ќе престануваат кон крајот на денот. Утринската температура ќе биде од минус 1 до 8 степени, а во текот на денот од 5 до 14 Целзиусови степени.

И во Скопје, времето денеска, ќе биде облачно со врнежи од дожд кои попладне ќе престануваат. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец. Наутро температурата ќе биде 5 степени, а дневната ќе се искачи до 14 Целзиусови степени.

Утре времето ќе биде променливо облачно со повремен локален дожд, а ќе дува и слаб до умерен ветер од југозападен правец. Во Скопје ќе биде променливо облачно со услови за повремен дожд и со слаб до умерен ветер од југозападен правец. Дневната температурата утре ќе се искачи до 16 Целзиусови степени.

Поврзани новости