Објавена нова „бомба“ и за Заев

by Fokus

Објавувањето на „бомбите“ продолжи и денеска, па откако беше објавена аудио снимка со разговор меѓу лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и Кичеец, подоцна се објави „бомба“ и за лидерот на СДСМ, Зоран Заев.

Гласот на неговиот соговорник е мутиран, но атмосферскиот тон во видеото и гласот на соговорникот многу потсетуваат на веќе објавените разговори за кои Заев кажа дека потекнуваат од ручек во Струмица од летото 2016 година со Александар Верушевски, синот на Зоран Верушевски.

Споделена е на каналот „Zoki istina“, а во неа се слуша гласот на поранешниот премиер Заев, тврдејќи дека тој ја „регистрирал“ Шарената револуција и спомнува бројка од 4,8 отсто…Во разговорот се споменува и владиката Наум, односно соговорникот го прашува со кого е близок.

Поврзани новости