Ново сведоштво од хоророт во Цетиње: Се обиде да влезе и во нашата куќа

by Фокус

Црногорските медиуми изнесоа нови детали за извршителот на незапаметениот масакр во Цетиње, којшто се случи во петокот попладне, кога 34-годишнот Вук Бориловиќ убил десет луѓе, меѓу кои и две деца.

-Човекот одел од куќа во куќа, кој и да бил внатре – убивал, луѓе во фотелји, во кревети. Старо и младо. Тоа траеше околу еден час. Дојде дури и до нашите скали, да влезе во нашата куќа. Меѓутоа, полицаецот беше на нашата тераса затоа што од нашата тераса најдобро се гледаше неговата куќа. И полицаецот не спаси да не влезе дома и да не… Тука беа и двете внучиња и свекрвата, стара жена и мојот сопруг. И, успеа полицаецот да не спаси. Јас сум денес тука, а и моите внучиња и целото семејство – раскажал сведокот за крвавиот напад во Цетиње за „Прва ТВ“.

Тој додал и дека можело да се слушне болното лелекање на луѓето.

-Тие викаат, плачат, а тој ги удира со кундакот во врат, крши стакла. Од ова сите жители на Цетиње, а особено ние жителите на оваа населба тешко ќе закрепнеме – раскажал сведокот.

Црногорските медиуми откриле дека Бориловиќ од претходно имал досие, имал четири-пет пријави за насилничко однесување, а пред шест-седум месеци прво вербално, а потоа и физички нападнал колега. По конфликтот на работа, Бориловиќ заминал кај него дома, го повредил, му го оштетил автомобилот и гаѓал со камења во куќата. Колегата го пријавил, а Бориловиќ бил приведен во полиција.

Поврзани новости