(ВИДЕО) „Формула“ на автопат во Чешка, полицијата трага по возачот

by Фокус

Возачите на автопатот во Чешка беа изненадени кога забележаа „формула“ околу нив.

Чешката полиција соопшти дека трага по возачот на „формула“, кој со голема брзина се движел по чешкиот автопат.

Социјалните мрежи беа преплавени со видео снимки од возачи на автопат кои ги престигнува Формула 1 болид.

Снимката доаѓа од автопатот кај Прибрам во Чешка, а припадниците на полициската служба бараат помош од граѓаните доколку имаат повеќе информации.

Не се работи за болид од Формула 1, туку за постар модел на автомобил GP2, кој сепак е забрането да се вози по јавни патишта.

Поврзани новости