Новите мерки на Владата носат нови задолжувања

by Фокус

Поранешниот гувернер и министер за финансии, Петар Гошев смета дека ако власта продолжи со нереалните ветувања за повисоки плати и нови вработувања стимулирани од државата, неизбежни ќе бидат нови задолжувања за да се обезбедат пари за сите овие проекти, пишува порталот Плусинфо.

-Новите мерки ќе значат зголемување на буџетскиот дефицит и корекција на планираниот расчекор меѓу приходите и расходите од 3,5 отсто кое ќе заврши во натамошно зголемување на долгот. Ваква практика е веќе позната за оваа влада. Лани прво планираше буџетски дефицит од 3,5 отсто, па го промени на 3,9 отсто, па на 4,1 за да достигне до 4,3 отсто. Ако се вградат и скриените долгови, ќе достигне на 5 отсто – вели Гошев.

Тој смета и дека Владата ќе се задолжува секаде каде што може и секаде каде што има пари да зема. Очекува новото задолжување да биде преку  нова еврообврзница.

Поврзани новости