Бигман: Името е цената за евроинтеграциите

by Фокус

-Ако мора да се плати некоја цена за тоа, конкретно во поглед на името на државата, една оправдана цена навистина мора да се плати. Националната гордост може и треба да се засновува на други работи, вели поранешниот Амбасадор на НАТО во Македонија, Николас Бигман во текстот напишан како придoнес за тематскиот Конгрес на ДУИ.

Бигман смета дека ниту една држава не може да опстои сама во овој свет, а посебно една мала држава како што е Македонија. Според него, интрегрирањето во силна политичка, економска и безбедносна организација е од огромно значење за да може Македонија да биде разбрана како меѓународно сериозна и да ја ужива довербата на инвеститорите.

Што се однесува до меѓуетничките односи, Бигман напиша дека ДУИ мора да сфати дека Aлбанците, иако најбројни,  сепак не се единствената таква група и рамноправниот третман мора да се прошири и кон другите заедници.

Поврзани новости