Нови санкции против „Вагнер“

by Fokus

САД следната недела ќе воведат дополнителни санкции за руската приватна воена групација Вагнер, која според американските власти и помогнала на руската војска во војната во Украина, објави Белата куќа. Портпаролот на Белата куќа за национална безбедност Џон Кирби изјави дека американското Министерство за финансии ќе ја назначи групата Вагнер како транснационална криминална организација.

„Во согласност со таквата квалификација, следната недела ќе воведеме дополнителни санкции против Вагнер и неговата мрежа за поддршка на неколку континенти. Оваа акција ќе го класифицира Вагнер како трансконтинентална закана и групацијаа која спроведува сериозни криминални активности“,изјави портпаролот на Белата куќа

Поврзани новости