Нови 760 заразени со ковид и 23 починати

by Фокус

Министерството за здравство информира во последните 24 часа се направени 5.724 тестирања, а регистрирани се 760 нови случаи на ковид 19.

Ситуацијата по градови е следна: Скопје – 325, Куманово – 65, Тетово – 63, Гостивар – 37, Струмица – 31, Кичево – 28, Струга – 26, Охрид, Штип и Дебар – по 24, Кавадарци – 18, Велес – 17, Прилеп , Битола и Радовиш – по 9, Кочани – 8, Неготино и Делчево – по 5,Свети Николе, Пробиштип, Кратово и Македонска Каменица – по 4, Ресен и Берово – по 3, Крива Паланка, Виница, Богданци и Македонски Брод – по 2, Гевгелија, Валандово и Крушево – по 1.

Истовремено, регистрирани се 644 оздравени пациенти, а пријавени се 23 починати лица. Притоа, 9 починати лица се од Скопје (82,81,79,71,70,60,59, 58 и 48), по 2 од Куманово (77 и 67), Прилеп (81 и 78), Гостивар (74 и 65), Струмица (83 и 68), Кичево (73 и 71) и Дебар (75 и 59), и по едно починато лице од Тетово (48) и Виница (47).

Досега, во земјата се направени вкупно 1.169.901 тестирања, додека вкупната бројка на ковид-дијагностицирани од почетокот на епидемијата изнесува 178.159, бројката на оздравени пациенти е 157.294, на починати е 5.987, а бројот на активни случаи изнесува 14.878 лица.

Поврзани новости