Николовски најави кратење на управните и надзорните одбори

by Фокус

По 30 години, намалувањето на членовите на надзорните и управни одбори не само што ги намалува непродуктивните трошења, туку ние како Влада имаме цел да ги професионализираме овие вработувања, порача вицепремиерот за борба против корупцијата Љупчо Николовски. Со намалувањето на бројот на членовите на надзорните одбори од 5 на 3 и на управните од 15 на 7, според него, ќе се овозможи средствата издвоени за нивните хонорари да се пренасочат во попродуктивни трошоци, како градинки и училишта.

-Од друга страна, законот точно предвидува професионализација на овие одбори, на пример законот предвидува членовите на одборите да имаат минимум пет години работно искуство во дејноста или областа за која се избрани за јавната институција, на пример три години искуство во правните, работи, финансиските,… Праќаме порака квалитетни и стручни луѓе да бидат дел од јавното претпријатие или установа и да се грижат за продуктивноста – рече Николовски.

Поврзани новости