Отворен е адреналински парк покрај Вардар

by Фокус

Премиерот Зоран Заев, заедно со вицепремиерот Фатмир Битиќи и градоначалниците Петре Шилегов и Стефан Богоев извршија увид и присуствуваа на отворањето на нов модерен спортско-адреналински парк на кејот на Вардар, во населбата Карпош 4. Притоа, Заев истакна дека овој проект е од исклучително значаен не само за жителите на Општина Карпош, туку и за скопјани и за сите граѓани кои, како што рече, сакаат адреналински атракции и имаат авантуристички дух.

-За овој ултра модерен адреналински парк сакам да упатам благодарност за поддршката до Делегацијата на Европската унија, која препозна успешен проект и на Општината која аплицираше на повик и беше доделен грант во висина од 38 милиони и 100 илјади денари во рамки на Проектот за локална и регионална конкурентност преку Кабинетот на заменик-претседателот на Владата задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи и Светската банка. Дел од инвестицијата е и на локалната самоуправа, која во овој проект вложи околу шест милиони денари со што вкупната вредност на адреналинско-рекреативниот парк е над 700.000 евра – рече Заев.

Тој додаде дека неговата влада останува на определбата да дава поддршка на локалните самоуправи и да поддржува политики, кои, според него, се однесуваат на создавање подобри услови за граѓаните.

Поврзани новости