Нови 177 заразени со Ковид-19, над 22 отсто од тестираните

by fokus

Во последните 24 часа се направени 778 тестирања, а регистрирани се 177 нови случаи на Ковид-19 во: Скопје-96, Куманово-5, Штип-7, Прилеп-1, Тетово-19, Велес-2, Битола-1, Кавадарци-1, Гостивар-6, Гевгелија-1, Струмица-8, Крива Паланка-2, Радовиш-2, Кочани-10, Берово-6, Виница-5, Делчево-4, Неготино-1, соопшти Министерството за здравство.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 107 оздравени пациенти од: Скопје-44, Куманово-2, Штип-3, Прилеп-7, Тетово-6, Струга-2, Битола-2, Охрид-1, Кавадарци-2, Гостивар-1, Гевгелија-1, Струмица-5, Радовиш-1, Крушево -1, Кочани-8, Пробиштип-1, Берово-4, Валандово-2, Делчево-1, Свети Николе-9, Кичево-1, Ресен-2, Неготино-1.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 21113, бројката на оздравени пациенти е 16301, на починати е 797, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 4015.

Направените 778 теста се преку: ИЈЗ-286, ЦЈЗ Скопје-48, Авицена-100, Биотек-0, МАНУ -0 Жан Митрев (Филип Втори) -105 , Систина со PCR метода -133, лабораторија Лаор –0, Судска медицина-0, ЦЈЗ Битола-0, Инфективна клиника-2, ГАК-12, Синлаб-92, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 208.669 тестирања на Ковид -19. Нема тестирања во рамките на скринингот.

 

Поврзани новости