Нови 159 заразени со ковид-19, починаа три лица

by Fokus

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 3 дена (од 06.05 до 08.05.2022) регистрирани се 159 нови случаи на КОВИД-19.

Од вкупниот број на позитивни (159), регистрирани се 25 реинфекции.

Регистрирани сe 225 оздравени пациенти од, а во текот на изминатите 3 дена (од 06.05 до 08.05.2022), пријавено е едно починато лице од Охрид (82г), починат во болнички услови. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин дополнително регистрирани се 2 починати лица од Скопје (58г и 83г). Едно лице е починато во домашни и едно во болнички услови. Лицата за починати се регистрирани во период од 27.04.-29.04.2022 година.

Досега во земјата се направени вкупно 2.030.368 тестирања на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 310.298, бројот на оздравени пациенти е 300.433, на починатие 9.287, а бројот на активни случаи изнесува 578.

Поврзани новости