Албанската полиција запленила 370 килограми марихуана наменети за Македонија

by Фокус

Албанската полиција доцна вечерва соопшти дека на граничниот премин „Блато“ на албанско-македонската граница кај Дебар биле откриени и запленети 370 килограми марихуана.

„Дрогата беше откриена при излез од албанска територија во камион марка „мерцедес“ со албански сообраќајни ознаки, со лого на производител на мебел, управувано од лицето Флориан Алимани (26) од пограничното село Долно Ѓурица. Крајната дестинација била Северна Македонија“, стои во вечерашното соопштение од полицијата.

Оттаму информираат дека истрагата продолжува во соработка со македонската полиција со цел да се идентификуваат сите лица вмешани во трговијата со дрога од двете страни на границата. Дрогата е откриена при втората контрола, а била скриена во посебен простор поставен над подот на возилото.

Поврзани новости