Носењето заштитни маски во јавност во Белгија е незаконско, потсетуваат правниците

by Fokus

Носењето заштитни маски на јавни места што го покриваат лицето не е легално во Белгија, велат правниците, потсетувајќи дека прекршување на законот предвидува казна до 137 евра и/или затвор од еден до седум дена.

Законот стапи во сила во 2011 година, кога од „безбедносни и морални причини“ беше забрането жените во јавност да носат бурки и никаб. Правниците тврдат дека духот на законот бил нарушен при носење маски за да се спречи ширење на инфекцијата, како и кога тоа го бара работодавачот или е поврзано со карневалски настан. За да се овозможи исклучок, законот предвидува полицијата да издаде дозвола за случајот. За да може законски да се носат заштитни маски, ќе биде неопходно кралот да издаде нов указ во кој се наведуваат исклучоци од   правилото.

Белгија беше втора земја во светот, по Франција, што воведе таков закон.

Поврзани новости