И гувернерот на Ломбардија во карантин, неговиот помошник заразен

by fokus

Гувернерот на италијанскиот регион Ломбардија, Италија, Атилио Фонтана, изјави дека ќе биде ставен во карантин две седмици откако е утврдено дека неговиот помошник е позитивен на новиот коронавирус.

Фонтана ова го објави во видео порака на Фејсбук. Ломбардија е жариште на ширењето на коронавирусот во Италија.

Во земјата се пријавени 400 случаи на Ковид-19, што е најголем број на заразени во Европа.

Поврзани новости