Никос Коѕиас во август доаѓа во Македонија

by fokus

Грчкиот министер за надворешни работи, Никос Коѕиас, во август ќе дојде во Македонија на средби со државниот врв, соошти амбасадорот на Македонија во Атина, Дарко Ангелов.

Во интервју за грчки портал, во пресрет на посетата на медијаторот Метју Нимиц, Ангелов оценува дека односите со Грција остануваат главен приоритет за македонската влада и дека контактите ќе бидат зајакнати, и по квалитет и по интензитет.

-Итноста за наше членство во НАТО доаѓа од фактот што ги исполнивме условите за членство, особено оние што се поврзани со техничките, воени критериуми. Следната година ќе бидат десет години откако сме во ова лимбо. Сепак, нашето членство во НАТО е прашање на политиката за поширокиот регион,  политиката на стабилизација и испраќање на силен сигнал за сите во регионот и пошироко дека Балканот е тука за да  биде и да остане стабилен. Затоа ние веруваме дека нашето членство во НАТО требаше да се случи одамна , не само за наше добро, туку и во интерес на просперитетот на регионот, а  јас  би се осмелил да кажам и за доброто на интересите на Грција, порачал Ангелов.

Поврзани новости