Си го убил внукот, ги ранил жената и ќерката, па се самоубил

by Fokus

Дедо си го убил внукот, ги ранил жената и ќерката, по што се самоубил, денеска околу 13 часот во Скопје, соопштија од МВР.

Според полицијата, околу 12.40 часот на улицата Хо Ши Мин, П.Т. (1933) со пиштол пукал во неговата сопруга П.Т., во неговата ќерка Л.С. (1959) и во внукот Т.С. (1985). На самото место починал внукот, а П.Т. извршил самоубиство.

Со возило на Итна помош во Ургентниот центар во Скопје се префрлени сопругата и ќерката, кои се во животна опасност.

Поврзани новости