Адеми: Силјановска Давкова го згази Уставот уште при првата реченица

by Fokus

Портпаролот на ДУИ – Арбр Адеми имаше замерки на повеќе делови од говорот на новата претседателка Гордана Силјановска Давкова денеска во Собранието. Тој смета дека уште со првиот збор, таа создала криза.

„Изразуваме забелешка за говорот на Силјановска Давкова, која го згази Уставот уште при првата реченица, не споменувајќи ни Република, а камо ли Северна Македонија. Ги исклучи сите луѓе од единството, беше говор за 8-март, без да се спомене НАТО и сите предизвици кои ни престојат. Ниту еден збор за ЕУ, ниту за евроинтегративниот процес. Ниту збор немаше за негување на добри меѓуетнички односи, ниту за Рамковниот договор, ниту за Преспанскиот договор, ниту за добрососедскиот договор со Бугарија – намерно не ја спомена и честитката од претседателката на Косово“ – рече Адеми.

Поврзани новости