Николовски: Победуваме во над 25 општини, кочи Мицко

by fokus

Коалицијата предводена од СДСМ победува уште во прв круг или води во над 25 општини, порача вечерва генералниот секретар на партијата, Љупчо Николовски.

Тој објави дека СДСМ победува во Скопје и рече дека новиот градоначалник ќе биде Петре Шилегов. Освен во Град Скопје СДСМ, според Николовски, победува во Струмица, Крива Паланка, Делчево, Крушево, Ресен, Дојран, Валандово, Берово, Кочани, Богданци, Кривогаштани, Пехчево, Демир Капија. Од скопските општини ги кажа Карпош, Центар, Шуто Оризари…

За Куманово рече дека резултатите се менуваат од минута во минута, а во тесна битка било и во Бутел.

-Тоа што ВМРО-ДПМНЕ нерационално се обидуваат да конструираат лажна еуфорија е поради политичката неукост на Мицкоски.  На него му порачуваме дека ова не е арена за навивање. Локалните избори секогаш имаат втор круг , затоа кочи Мицко, рече Николовски.

Поврзани новости