СДСМ контра ВМРО: Шилегов води во Скопје со 10.000 разлика

by Фокус

Наспроти тврдењата на потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски дека опозициската кандидатка за градоначалничка на Скопје Данела Арсовска води со над 5.000 гласа, од СДСМ излегуваат со сосема поинакви информации.

Имено, генералниот секретар на СДСМ и вицепремиер за антикорупција Љупчо Николовски предмалку на прес-конференција истакна дека во водство е актуелниот градоначалник Петре Шилегов.

-За Ѓорче Петров, Кисела Вода ги немаме информациите, но она што е битно на ниво на Град Скопје води Шилегов со 10.000 гласа разлика – рече Николовски, додавајќи дека социјалдемократите имаат предност во над 20 општини и одат на победа во вториот круг и во други општини.

Поврзани новости