Со 30 гласа води градоначалникот Петров во Демир Капија

by fokus

Актуелниот градоначалник на Демир Капија, Лазар Петров кој се бори за втор мандат, води со разлика од околу 30 гласа пред својот противкандидат Андон Донев од ВМРО ДПМНЕ.

За „Фокус“ Петров вели дека е извесен вториот круг, и се надева дека граѓаните ќе изберат мудро.

-Во изминатите четири години ја водев општината со цело срце, трудејќи се да одиме напред на секое поле. Моментално, имам водство од околу 30 гласа, ќе се оди на втор круг. Верувам дека моите сограѓани ќе изберат мудро, и ќе ја добијам шансата да продолжам и во иднина да го давам најдоброто за Демир Капија – ни изјави Петров.

Вики Клинчарова

Поврзани новости