Вербална војна меѓу САД и Русија околу Украина

by Фокус

Американскиот претседател Џо Бајден му вети на украинскиот колега Владимир Зелински дека ќе му помогне да го реши проблемот со Русија.

-САД остануваат цврсто посветени на суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина во светлината на руската агресија и евроатлантските аспирации на Украина – рече Бајден.

После неговата средба со Зелински, од Русија порачаа дека евентуалното приближување на воената инфраструктура на НАТО до границите на Русија ќе ја принуди Москва да преземе контрамерки, за да обезбеди целосна безбедност на земјата.

-Тие потези на НАТО се потенцијална опасност за Русија , бидејќи на тој начин НАТО ќе продолжи да ја пренесува својата воена инфраструктура на нашите граници. Ова е прашање што ќе предизвика потреба од преземање на некои контрамерки за да се врати ситуацијата во рамнотежа и да се обезбеди сигурност на нашите граници 100 проценти – изјави портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков.

Поврзани новости