Николоски: Новинари се под судски прогон, ниедна власт не издржала на сила

by Фокус

Тројца новинари се под судски прогон и притисок од власта затоа што објавуваат материјали од јавен интерес кои ги добиле од свиркачи, изјави Александар Николоски, пратеник и потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ.

-Новинарите кои објавуваат материјали за криминалите на власта се под притисок и сметам дека најмалку што може да направиме како пратеници е да дадеме поддршка на новинарите коишто во моментов се или под судски прогон, или веќе имаат донесени судски пресуди за изнесување во јавност информации коишто до нив стигнале од укажувачи – рече тој.

Станува збор за лоша пракса, додаде тој, истакнувајќи дека ниту една власт не издржала на сила.

Поврзани новости