Албанците, Турците, Бошњаците и Ромите покажаа дека тие одлучуваат за нивната судбина, порача Османи

by fokus

Кандидатот за претседател на „Европскиот фронт“ предводена од ДУИ, Бујар Османи ја објави големата победа со над 40 илјади гласови во споредба со нивниот противкандидат, Арбен Таравари, кандидат од „Влен“.

Според него, овој фронт е локомотива за европската иднина и порача дека гласот за нив е аманет за идните политики.

-Албанците, Турците, Бошњаците и Ромите покажаа дека тие одлучуваат за нивната судбина, рече Османи и забележа дека сепак граѓаните при гласањето не излегле од етничката бариера.

Поврзани новости