Милошоски: Победивме и во Струмица

by Фокус

Пратеникот и функционер на ВМРО-ДПМНЕ, Антонијо Милошоски, рече дека неговата партија по бројот на изброени гласови за Гордана Силјановска Давкова за прв пат победува во Струмица.

-Во Струмица победуваме по 20 години, иако е раководена од СДСМ и од таму доаѓа претходниот претседател на СДСМ. Има расположение за промени во места каде ВМРО-ДПМНЕ не победувал и тоа е една од клучните промени кај голем дел од гласачите – рече Милошоски на ТВ 24.

Тој додаде дека зголемената излезност на гласачите во однос на претходните претседателски избори е сигнал дека граѓаните сами сакаат да си го одберат претседателот, а не тоа да се прави во Собранието.

Поврзани новости